Lesson plan- OU Dobre Jovanovski, Prilep

Училиште:

ООУ "Добре Јованоски" Прилеп

Наставник:

Емилија Богданоска -Трифуновска

Ден на реализација:

12.11.2012

Наставен предмет:

Историја

Одделение:

6

Наставна тема:

Додатна настава

Наставни единици:

Стекнати впечатоци и знаења од дводневната екскурзија

Тип на часот:

Нови знаења

Цел на часот:

·       Учениците да стекнат основни познавања за:

·       потеклото на Евреите во Македонија.

·       нивните обичаи, верувања и занимања

·       каде биле најбројни

·       кога, кој и како ги истребил Евреите од Македонија

Задачи на часот:

·       запознавање на учениците со видот на изработката, содржината и изгледот на изработката како и со критериумите за нејзино вреднување

·       пронаоѓање на податоци за:

·       потеклото на Евреите од Македонија

·       обичаите, верувањата и занимањата на Евреите од Македонија

·       најбројните еврејски заедници во Македонија

·       кој, кога и како ги истребил Евреите од Македонија

·       изработка на презентацијата

·       презентирање и вреднување на изработките

Наставни форми:

Индивидуална и групна;

Наставни методи:

Изстражување со примена на ИКТ во наставата

Наставна техника:

WEB Quest

Наставни средства:

Наставно ливче, историска карата, Интернет одредишта, чек листа.

     

Тек и содржина на часот (активности):

Наставник

Ученик

Евокација

·       го поделувам наставното ливче – WEB Quest во кое се дадени прецизни упатства за целта, видот на изработката, начинот на нејзино изработување, изворите на податоци и критериумите за вреднување и

·       доколку има одговарам на евентуални прашања за појаснување

·       учениците го проучуваат наставното ливче и доколку имаат потреба поставуваат прашања за појаснувања

Сфаќање на значењето

·       доколку има потреба  ги насочувам учениците како да ги зачуваат пронајдените податоци

·       ги пронаоѓаат бараните податоци и истите ги зачувуваат во соодветни папки и формати

·       им давам техничка поддршка на оние ученици кои имаат потреба од неа

·       ги насочувам како да ги искористат пронајдените податоци

·       изработуваат изработката (презентација) користејќи ги пронајдените податоци и следејќи ги упатствата за изгледот и содржината на презентацијата дадени во наставното ливче

Рефлексија

·       ги вреднувам презентациите на секоја од групите

·       секоја група ја презентира својата презентацијата

·       ги вреднуваат презентациите на другите групи

·       ги насочувам како да изработат една заедничка презентација

·       секоја група предлага по еден свој член за изработка на една заедничка презентација

WebRep
 
currentVote
 
 
noRating
noWeight