Извештај за спроведени активности во основното училиште „ Петар Поп Арсов“, Скопје по семинар одржан на 26-28 Октомври 2012 во реализација на:

WebRep
 
currentVote
 
 
noRating
noWeight
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

Извештај за спроведени активности во основното училиште „ Петар Поп Арсов“, Скопје по семинар одржан на 26-28 Октомври 2012 во реализација на:

Меморијалнот Центар на Холокаустот на Македонија
Институт за истражување на еврејската историја Centropa од Виена, Австрија
Министерствотот за Образование и Наука на Република Македонија

Во училиштето се реализираше програма на интегрирана настава  во рамките на вон-наставните активности за талентирани ученици од осмо одделение на тема „ Историјата на Евреите од Македонија и Холокаустот “ .
Интеграција на настава по следните предмети:
1. Историја - наставник : Наташа Стефановска, Мирјана Николовска
2. Англиски јазик- наставник:  Даниела Штерјова
3. Македонски јазик - наставник: Марија Петкова, Билјана Ромевски
Содржина Цели Време на реализација
Втората Светска војна и Холокаустот во Европа и Македонија •   Да се осознаат историските збиднувања во Европа и Македонија пред и за време на Втората Светска Војна и Холокаустот на Евреите преку истражување- групен облик на работа со користење на ИКТ
• Да се стекнат знаења за  животот на Евреите во Македонија пред Холокаустот ( работа во групи – истражување со кристење на ИКТ )
• Да се изработи постер(хамер) од наведената содржина
• Презентација на англиски и македонски јазик  на постер - групен облик на работа 3 часа - Септември
Едукативни содржини  од веб страната www.centropa.org
• Воведување во едукативните содржини на станицата www.centropa.org
• Користење на едукативните содржини од наведената веб страница за пишување на есеј на англиски јазик 2 часа- Октомври
Дигитална содржина- филм
„ Годините си го прават своето“ од веб страната www.centropa.org
• Да се осознаат општествено – историските услови во Македонија пред и по Втората светска војна преку гледање на дигитална содржина- едукативен филм
• Рефлексија од следењето на филмот по предметите историја и англиски јазик 2 часа – Октомври, Ноември
„Дневникот на Ана Франк“ • Рефлексија/дискусија  по читањето на делото
• Пишување на есеј на македонски јазик- Емоциите и размислувањата на учениците за делото „ Дневникот на Ана Франк“ 2 часа – Ноември
Посета на Музејот на Холокаустот
• Да се стекнат сознанија за судбината на Евреите во македонија за верме на Холокаустот преку посета на Музејот и разгледување на музејски експонати
• Да се состави новинарски запис на англиси јазик и македонски јазик – Посета на музеј
• Да се презентира новинарски запис Еден ден за организирана посета – Ноември
2 часа - Декември
Средба со претставник од Еврејската Заедница во синагога во Скопје • Да се стекнат сознанија за судбината/животот на Евреите во македонија по завршувањето ан Втората Светска војна
• Да се стекнат сознанија за Еврејската култура, религија, традиционални празници, храна и сл.
• Да се стекне вештината за правење на интервју
• Да се изработи постер ( хамер ) на тема Еврејската култура, традиција, празници и сл. – групен облик на работа
• Да се презентира изработен постер
( хамер ) на англиски
и македонски јазик Еден ден за посета на синагога – Јануари
2 часа – Јануари
Изработка на дигитална содржина – филм • Да се стекнат презнаења за составување на дигитална содржина-фил преку следење на видео водич на англиски јазик на веб страната www.centropa.org
• Да се состави дигитална содржина од целокупниот снимен материјал на учениците во текот на целокупните активности
( учениците прават
дигитални записи
во вид на фотогра-
фии и кратки видео клипови за време
на сите активности)  4 часа- Фебруари
Изложба од изработки и презентација на дигитална содржина- филм • Презентирање на изработките од реализираните активности на македонски и англиски јазик
• Презентирање на дигитална содржина- филм  И ден за поставување на изложбата – Март
Еден ден за презентирање на изложбата и на филмот пред почесни гости – 10ти Март- денот на Холокаустот на Евреите во Македонија

• Со цел реализација на планираните активности наставниците и учениците ги реализираат следните посети:

1. Посета на Музејот на Холокаустот – Октомври 2012
2. Гледање на кино проекција- филм “ Трето Полувреме “  - Ноември 2012
3. Посета на проекција на филм “Call me a Jew”, Музеј на Холокаустот – Декември 2012
4. Посета на Еврејска заедница         -  Јануари 2013
5. Посета на синагога                          -  Јануари 2013
6. Интервју со член на Еврејската Заедница- Фебруари 2013
7. Посета на историско предавање реализирано од страна на претставник од музеј Јад Вашем – Израел ( Филозофски факултет) - Март 2013
8. Посета на Музеј на Холокаустот – Април 2013

• Исто така, во рамките на реализацијата на наведената програма учениците изработија и дигитална содржина, односно филм на тема Историјата на Евреите во Македонија и Холокаустот  http://youtu.be/2F9jEnE7ZTg  под менторство на наставник по англиски јазик Даниела Штерјова.
• Учениците учествуваа на натпревар за ликовна творба на тема Холокаустот на Евреите во Македонија во реализација на Музејот на Холокаустот на Македонија и ги освоија следните награди:
а) Огнен Огненовски – 2 награда
б) Филип Добричиќ – 3 награда